Welcome to the detailed analysis for vesti.mk. This domain is officially recognized as VESTi.mk - Сите вести на еден клик. According to their official web presence, their primary focus is: "VESTi.mk е агрегатор на вести и поткасти. Објавува наслови и линкови до сајтовите и нема одговорност за нивната содржина.".
"Рубио ги даде овие забелешки по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. „За да се решат проблемите, мора да се сретнете со луѓе со кои не се согласувате или имате одредени проблеми. Затоа го поканивме претседателот Путин на Г20“, им рече Рубио на новинарите. Тој додаде дека Вашингтон го гледа самитот како можност Путин да разговара не само со Трамп , туку и со други светски лидери и дека САД се надеваат дека рускиот претседател ќе ја прифати поканата. Рубио и Лавров разговараа за војната во Украина Средбата меѓу Рубио и Лавров се случи во време кога Вашингтон се обидува да ги обнови дипломатските разговори за војната во Украина. Според Ројтерс, Рубио по средбата изјавил дека и Русија и Украина изразиле интерес за ограничен прекин на огнот што би вклучувал напади врз енергетската инфраструктура и безбедноста на извозот на жито и пловидбата во Црното Море. „Мислам дека двете страни изразија интерес за некаков вид ограничен прекин на огнот што би вклучувал жито и енергија. Очигледно, ниту тоа нема да биде лесно“, рече Рубио. Русија сè уште јавно не потврди дека е подготвена да се согласи на таков договор. Ројтерс објави дека по средбата на Рубио со Лавров, не беше јасно дали неговите зборови претставуваат вистинска промена во руската позиција. Зеленски подготвен да се сретне со Путин Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека е подготвен да се сретне со Путин, вклучително и можноста за трилатерален состанок со Трамп. Зеленски, исто така, овој месец изјави дека би бил подготвен да дојде на самитот на Г20 во Мајами доколку Путин биде таму, нагласувајќи дека постигнувањето конкретни резултати е поважно од размената на изјави. Кремљ досега одбиваше таков состанок на неутрален терен и инсистираше дека ако Зеленски сака да разговара со Путин, треба да дојде во Москва. Путин сè уште не потврди дали лично ќе учествува на самитот на Г20 во Мајами. „Вашингтон пост“ наведува дека неговото доаѓање би отворило можност за нова средба меѓу Путин и Трамп. Рубио рече дека ако Путин дојде, самитот „сигурно би бил можност“ двајцата претседатели да разговараат. Кремљ: Сè уште нема услови за пошироки мировни преговори И покрај новите дипломатски контакти, Кремљ веднаш пред средбата меѓу Рубио и Лавров изјави дека сè уште не ги гледа условите за премин кон пошироки мировни преговори. „Засега, нема предуслови за премин кон мировниот пат, иако ние, како руска страна, остануваме отворени за мировни разговори“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Во исто време, Украина соопшти дека е подготвена да ги прекине нападите поврзани со навигацијата на Црното Море и енергетската инфраструктура доколку Русија се согласи на реципрочни мерки. Зеленски рече дека Киев е подготвен да обезбеди безбедна навигација и снабдување со храна низ Црното Море доколку Москва преземе „вистински чекори кон деескалација“. „Мора да почнеме од некаде“, рече тој. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата Изборите во Русија со убедлив резултат за Единствена Русија – ПУТИН: ОВА Е ПОДДРШКА ЗА НАШАТА ПОЛИТИКА Иранскиот претседател во ОН покажуваше фотографии од мртви деца: Ние само се браневме"
By comparing vesti.mk to other leading websites in its niche, marketers and researchers can identify key traffic sources and growth opportunities. Explore our related resources below to find websites similar to vesti.mk.
Yes, according to our latest analysis, we detected a valid SSL certificate ensuring a secure connection.
As of September 24, 2026, vesti.mk holds an estimated domain authority score of 67/100 based on our VisitRank tracking algorithms.
You can find the best alternatives and similar sites to vesti.mk in our explore section, which includes competitors in the E-commerce & Retail sector.
Common Misspellings & Typo Domains for vesti.mk:
"Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека остварил средби со премиерот на Косово, Албин Курти, и со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата со Курти, како што наведе Мицкоски, разговарале за унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка, како и за заедничките предизвици и можности за развој на двете земји. Со хрватскиот премиер Пленковиќ, пак, разговарал за европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка, како и за важноста од продолжување на реформските процеси согласно со европските стандарди. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата ОД МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ ДО ГАК - под лупа целиот третман на пациентката која остана неподвижна Барем 30 ДОКАЗИ ДЕКА СДСМ Е БУГАРСКИ КОНЗУЛАТ: Координација на партијата со бугарската пропаганда"
"Две лица од општина Ново Село се приведени откако полицијата открила нелегална плантажа со канабис во атарот на селото Секирник, струмичко. Од локацијата биле одземени повеќе стебла со различна висина, со вкупна тежина од околу 680 килограми. Станува збор за З.М. (34) и А.Т.Г. (30), против кои СВР Струмица поднело кривична пријава поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Според истрагата, двајцата претходно се договориле, а потоа во скриен дел од парцела на местото викано „Матник“, во атарот на Секирник, ја обработиле почвата и засадиле семе од канабис. Растенијата биле одгледувани со цел, како што се сомнева полицијата, да се произведува марихуана. Полицијата презела повеќе дејствија и истражни мерки со судска наредба, а во акцијата била вклучена и техничка поддршка од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток. Така биле обезбедени докази за поврзаноста на двајцата со одгледувањето на канабисот. По приведувањето, З.М. и А.Т.Г. биле задржани во Полициската станица Струмица. Според МВР, во разговор со полицијата признале дека набавиле семе од канабис, ја обработиле земјата и во мај годинава ја засадиле нелегалната плантажа. Од локацијата биле одземени повеќе стебла канабис, со различна висина и вкупна тежина од околу 680 килограми. По поднесувањето на кривичната пријава, двајцата биле изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Струмица. За случајот понатаму ќе одлучуваат надлежните органи. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата МИЦКОСКИ ЈА ЗАСИЛУВА РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА: Средби со Пленковиќ и Курти за европскиот пат и развојот НА БОЛЕДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА, А „СТОРИ“ ОД ИТАЛИЈА - Построги правила поради злоупотреби на боледувањата"
"МВР ќе се вклучи во борбата против злоупотребите со боледувањата, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој оцени дека проблемот е сериозен и во јавниот и во приватниот сектор, но нагласи дека при контролите мора да се почитуваат и човековите права. Најавата доаѓа во период кога Фондот за здравствено осигурување подготвува построги правила за користење боледување. Меѓу предлозите се матичните лекари самостојно да можат да отвораат боледување до пет наместо до седум дена, поголема електронска контрола, но и можност за проверки на осигурениците додека се на боледување. Дека има злоупотреби покажаа и претходните контроли токму во МВР. По барање на Министерството, ФЗО во втората половина на 2025 година проверил 80 вработени со вкупно 514 боледувања. Неправилности биле утврдени кај 29 лица, односно кај околу 37 проценти од контролираните вработени. Од вкупно 514 проверени боледувања, 100 биле оценети како неуредно издадени. Во контролата биле опфатени и 105 приватни здравствени установи, а неправилности биле утврдени и кај дел од лекарите и лекарските комисии. ФЗО како примери за сомнително користење боледување претходно посочи случаи во кои вработени менувале матични лекари или користеле последователни боледувања со различни дијагнози. Предлозите за построги контроли предизвикаа реакции во јавноста, особено околу можноста за проверки во домот и намалувањето на периодот за кој матичниот лекар може самостојно да отвори боледување. Засега станува збор за најавени измени, а не за правила кои веќе се во сила. © Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата НА БОЛЕДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА, А „СТОРИ“ ОД ИТАЛИЈА - Построги правила поради злоупотреби на боледувањата ОД МАТИЧЕН ГИНЕКОЛОГ ДО ГАК - под лупа целиот третман на пациентката која остана неподвижна"